„Топло“ добредојде за Фон дер Лајен во Сараево: „Соучесници сте во геноцидот во Газа“/ФОТО

189

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен пристигна во посета на Сараево.

Додека таа беше на средба со членовите на државното претседателство во Претседателството на БиХ, мала група граѓани се собра пред зградата на таа институција и протестираше.

Тие донесоа два транспаренти. На едната пишуваше „Европската унија и Урсула фон дер Лајен се соучесници во геноцидот во Газа“, додека на другиот имаше порака за прекин на огнот.

Според планираното, Фон дер Лајен подоцна денеска ќе се сретне и со претседателката на Советот на министри на БиХ, Борјана Кришто.