epa11546128 IOC president Thomas Bach speaks during the Closing Ceremony of the Paris 2024 Olympic Games at the Stade de France Stadium in Paris, France, 11 August 2024. EPA-EFE/MAST IRHAM

Според руските експерти Томас Бах донел вистинска одлука, но тврдат дека Себастијан Коу е уште поголем русофоб. Своето мислење го темелат на аргументите дека Британците како прв човек на Светската атлетика повеќе од осум години не дозволуваат спортисти од Русија да се натпреваруваат под знамето и химната на својата земја

Претседател на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах,  рече дека нема да се кандидира за нов мандат. Според 70-годишниот германски функционер, новите времиња бараат нови лидери. Засега не се знае кој би можел да го наследи, а еден од главните фаворити е Себастијан Коу, претседателот на Светската атлетска федерација.

Првиот човек на Светската боксерска федерација, Умар Кремљев немаше убави зборови за Томас Бах. Тој е револтиран што боксот, како еден од најатрактивните спортови, ќе биде исклучен од следните Олимписки игри во Лос Анџелес во 2028 година. Кремљев рече и дека размислува за сопствената кандидатура за претседател на ИОК, а потоа даде неколку забелешки за Олимпијадата во Париз.

– Канцерогениот тумор е отсечен, натпреварите се третираат како гладијаторски борби. Храната која им се дава на спортистите е полна со црви, а медалите се неквалитетни. Бах беше во право кога рече дека не може да се справи. Спортот го претвори во валкана политика и почна да уништува спортски дисциплини. ИОК мора да работи во интерес на земјите – изјави Кремљев за ТАСС, а на прашањето за неговата кандидатура за прв човек на ИОК, тој додаде:

– Сè е Божја волја!

Според руските експерти Томас Бах донел вистинска одлука, но тврдат дека Себастијан Коу е уште поголем русофоб. Своето мислење го темелат на аргументите дека Британците како прв човек на Светската атлетика повеќе од осум години не дозволуваат спортисти од Русија да се натпреваруваат под знамето и химната на својата земја.