Тоа што го направи Солскер го можам и јас

83

Манчестер Јунајтед игра како препороден под водство на Оле Гунар Солскер, кој најде лек и за одличниот тим на Тотенхем. Предводени од фантастичниот Давид де Хеа, кој имаше ракометни 11 одбрани, “црвените ѓаволи” забележаа минимална победа од 1:0 и дојдоа до шестата победа во низа откако Жозе Мурињо го напушти “Олд Трафорд”.

Иако до пред еден месеци звучеше како научна фантастика, тимот на Солскер сега има реални шанси да се бори за едно од четирите места кои водат во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони. Четвртопласираниот Челзи има само шест бода повеќе од Манчестер Јунајтед.

И покрај одличните резултати, поранешниот фудбалер на Јунајтед, Пол Инс, откри дека не е многу импресиониран од ефектот на норвешкиот стручњак.

  • Мислам дека треба да застанеме на топка кога е во прашање Солскер. Да бидеме реални, не можеше да биде полошо од тоа што го направи Мурињо. Сите во клубот беа во некаква депресија, играчите, навивачите и луѓето во клубот. Тоа влијаеше врз формата на играчите. Оле е омилен лик во клубот која делува смирувачки. Искрено, можев и јас да седнам во менаџерското столче и да ги забележам истите резултати. Не беше тешко да се донесе малку позитивна атмосфера и да има се даде потребната слобода на играчите. Клубот мора да пронајде трајно решение, менаџер кој ќе направи тим кој ќе се бори против Ливерпул и Манчестер Сити. Маурицио Покетино е најдобро решение, изјави Инс.