Тоа што го направи Роналдо е импресивно, беше магичен

106

Во вторникот Кристијано Роналдо постигна хет-трик за Јувентус со кој го уништи Атлетико (М), а следниот ден Лионел Меси постигна два погодока и запиша две асистенции во убедливиот триумф од 5:1 кој Барселона го забележа на реванш 1/8 финалниот дуел против Олимпик од Лион.

Двата тима обезбедија пласман во следната елиминациска рунда и постојат реални шанси Меси и Роналдо повторно да играат еден против друг. Дали ќе се реализира ова сценарио ќе дознаеме денеска околку 12:00 часот, откако ќе биде извршена ждрепката за 1/4 финалната рунда.

Веднаш по дуелот со Лион, аргентинскиот интернационалец беше прашан што точно мисли за хет-трикот на Кристијано Роналдо.

  • Тоа што го направи Роналдо и Јувентус е нешто импресивно. Мислев дека ќе им биде многу потешко, но Роналдо имаше магична ноќ и постигна три гола, изјави Меси.

Аргентинецот даде дипломатски оговор на прашањето дали Јувентус е потенцијално тешка ждрепка за Барселона во 1/4 финалната рунда.

  • Сите противници се комплицирани. Еве да кажеме Ајакс. Холандскиот тим покажа дека има страшен млад тим кој не се плаши од ниту еден противник. Ќе ни биде тешко без разлика кој тим ќе го добиеме за противник. Ние мора да се подготвиме за тешкиот предизвик. Лион? Го имавме потребниот посед. Малку патевме откако постигнаа погодок и имавме среќа при третиот погодок. После тој гол, имавме доволно простор за брзи контранапади, изјави капитенот на каталонскиот гигант.