epa11477756 Novak Djokovic of Serbia reacts during the men's singles final against Carlos Alcaraz of Spain at the Wimbledon Championships, Wimbledon, Britain, 14 July 2024. EPA-EFE/TOLGA AKMEN EDITORIAL USE ONLY

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ често истакнува дека секогаш работи на подобрување и истражување на нови работи, бидејќи во секој друг случај човекот уназадува. Затоа постојано бара модерни технологии кои ќе му помогнат да остане во врвот на светскиот тенис, особено ако се земе предвид дека сега е во сериозни ветерански години и веќе не може да се натпреварува со дваесет години помлади играчи од него.

Така, на последниот грен-слем турнир САД Опен, претстави револуционерна ракавица која привлече големо внимание кај навивачите, бидејќи досега не сме виделе некој од тенисерите да ја користи. Кога ќе ја земете предвид жештината во Њујорк, навистина не е изненадување што Ноле бараше решение за брзо да ги „олади“ дланките за време на паузата меѓу поените и навистина пронајде  симпатично решение.

Аналитичарот од познатиот американски универзитет МИТ, Адам Кац, на својот „Инстаграм“ објави интересно видео за споменатата ракавица, нарекувајќи ја „силна како стероиди“. Се чини дека е малку претера заради виралност, но тоа е поентата.

„Температурата на телото на Ѓоковиќ стануваше повисока, што предизвикува намалување на мускулната сила и издржливоста на теренот. Големото откритие во науката тврди дека издржливоста на мускулите може да се зголеми за 144 проценти ако ги ладите рацете за време на тренинг или некоја спортска активност „Palmar Cooling“ е легално, и токму тоа го користеше Новак за време на САД Опен Ракавицата ве лади и ја враќа температурата на телото на оптимално ниво околу триесет секунди пред тренинг и ќе имате слични ефекти како Ѓоковиќ“, објасни аналитичарот кој ја откри „тајната“ на Новак.

Секако, на истиот турнир со години се користи цевка со ладен воздух, која ги лади тенисерите и им помага кога играат на страшни горештини, но секогаш проблем се дланките кои „горат“. Така Ноле најде решение, но немаше решение за Алексеј Попирин, кој го елиминира веќе во првата недела за време на САД Опен.

Во обид да го одбранат Јаник Синер, како и другите миленици, некои навивачи неодамна отидоа дотаму што го вмешаа Новак Ѓоковиќ во допинг-скандал. Така, објавата на еден од обожавателите на Рафаел Надал, во која тој наводно изнесува „доказ“ дека Ноле користел недозволени супстанции, е прегледана повеќе од дваесет милиони пати на Твитер.

Станува збор за серија од 17 неточни информации во кои навивачот на Надал се обидува да докаже дека Ѓоковиќ користел недозволени средства со слободно толкување на снимките од натпреварите кои кружеа на социјалните мрежи. Тој отиде дотаму што го спореди Ноле со Ленс Армстронг, најдопингуваниот спортист во историјата, а фановите почнаа да му ја испраќаат оваа објава на Ѓоковиќ и да му пишуваат да размисли за тужбата, бидејќи Твитер сè уште не ја симнал.

„Дневно потсетување дека Новак Ѓоковиќ е најсомнителниот случај на допинг што спортот го видел…“, пишува на самиот почеток на цела серија лажни информации. Кон него е прикачен клип од полуфиналето на Австралија опен во 2012 година помеѓу Мареј и Ѓоковиќ: „Камерата го фати Новак Ѓоковиќ како си го суши лицето со крпа, но тој всушност ја пиеше својата магична напивка“. Погледнете го тој клип: Што всушност се случува на тоа видео? Новак Ѓоковиќ јаде урми. Да, добро прочитавте. Со години тоа е негов избор за енергија на исцрпувачки натпревари и во тој момент ја криеше за да не им открива тајни на колегите… Исто како што не би сакал за ракавица.