Тоа не се прави преку Инстаграм и со лајкови

71

Мауро Икарди остана без капитенската лента, а пред неколку дена на аргентинскиот интернационалец му беше наредено да одработи неколку тестови за да се утврди дали има некаков проблем со десното колено.

Тестовите покажаа дека нема никаков проблем, односно дека Икарди го има излажано шефот на стручниот штаб, Лучијано Спалети, кого го информирал дека е повреден и не може да биде во комбинација за првиот натпревар од 1/16 финалната рунда во Лига Европа против екипата на Рапид од Виена.

Освен на тој натпревар, Икарди не беше во комбинација и за првенствениот дуел против Сампдорија, а најголем виновник за таквата ситуација е неговата сопруга и агент, Ванда Нара.

  • Денеска направи неколку тестови кои покажаа дека не е повреден. Ќе видиме што ќе биде со него во следниот период. Ваквата ситуација Икарди не смееше да ја решава со лајкови и пораки на Инстаграм. Тоа мора да го направи со разговор во четири очи, така е најдобро. Можеби и ние ќе го сфатевме ако се ни кажеше во очи, ако ни кажеше како се чувствува. Јас имам потреба од сите играчи и ако јас се прашував, тогаш ќе беше во комбинација за реванш дуелот против Рапид. Сепак, не е така едноставно, за жал, изјави трофејниот стручњак.