Тоа е мала работа која може да стане голема

86

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се повлече од АТП турнирот во Бризбејн заради повреда на мускулот на колкот, но убеден е дека ќе биде подготвен да настапи на првиот грен слем турнир Австралија опен.

Надал почувствувал затегнување на мускулот и не сакал да ризикува и со совјата одлука ги разочара љубителите на тенисот во Бризбејн.

Тоа е мала работа која може да стане голема. Се чувствувам многу подобро за разлика од пред неколку дена. Но не сакам да ризикувам, бидејќи постои опасност да го пропуштам турнирот во Мелбурн, изјави вториот светски рекет.

Надал беше слободен во првото коло на АТП турнирот во Бризбејн, а во второто требаше да се сретне со французинот Жо Вилфред Цонга. Местот на ШПанецот на турнирот во Бризбејн го пополни Јапонецот Таро Даниел.

Шпанецот минатата година имаше проблеми со повредите на колкот, колената, стомачните мускули, зглобот и беше опериран. Настапи на само девет турнири и славеше на четири. Но кога е Надал во прашање нема да биде ништо ново во последен момент да се откаже од настапот на првиот грен слем турнир.