Срамота e да се сее злоба поради фактот дека некој нема работа заради сегашната корона ситуација, вели Тијана
– Компири …. Значи, што сега? Не ме мразеше, копав до 21 август 2012 година, само за да ја пронајдам оваа фотографија. Не се занимаваме со уметност затоа што се срамиме да ископаме компири или да не ги валкаме рацете и фустанот, туку затоа што тоа го сакаме. Јас музиката не ја сакам, јас ја дишам.Не можам без неа. Јас во се и во секој го слушам звукот. Јас не одев на ниту еден мој концерт со став „ајде да го завршиме тоа, па да си одимe.”
Не дојдов да завршам ништо, туку да започнам забава. Да ја видам секоја ваша реакција, да пееме заедно. Моја работа е на вас да ви биде убаво тие два часа.
Никој не ве спречува да се занимавате со музика, никој не ве спречува да бидете на телевизија, имате право да правите што сакате. Само е срамота да се искористи тоа право да се копа во туѓите животи и да се сее злоба поради фактот дека некој нема работа заради сегашната корона ситуација. Сите сме на иста планета, сите сме во иста ситуација, нема потреба од нови вируси.
Вака напиша меѓу другото Тијана во својот пост откако. имавме можност да видиме како помина пејачката Нина Бадриќ, која апелираше до државата да им помогне на пејачите пак да пеат. Потоа Нина доби понуда да копа компири. Тијана застана во нејзината одбрана, во својот духовит стил.