Титулата во Премиер е за фановите, а не за мене

91

Германскиот стручњак Јирген Клоп не е загрижен за тоа каде ќе биде тој во историјата на фудбалскиот клуб Ливерпул, и инсистира дека победата во Премиер лигата би била за „луѓето“, а не за него.

Германецот ги предводеше „црвените“ до два последователни финиши во топ 4 во Премиер лигата, но трофеите засега му недостасуваат по поразите во три финалиња, вклучувајќи го и минатогодишното финале на ЛШ од Реал Мадрид, покрај поразите од Манчестер сити (ЕФЛ купот) и Севилја (Лига Европа).

Меѓутоа, оваа година, надежите на „Енфилд“ се огромни, откако клубот е во четвртфиналето на ЛШ (каде што ќе игра со Порто), а во Премиер лигата, Манчестер сити бега само еден поен.

Клоп вели дека само со трофеи тој ќе биде запаметен како успешен менаџер.

  • Не знаете колку малку ме интересира да оставам нешто во историјата на Ливерпул. Никогаш не сум важен јас. Мојата работа е да помогнам тимот да биде што е можно поуспешен, а не да бидам запаметен 50 години подоцна. Ја сакам мојата работа, мислам дека имам фантастичен тим и тоа е се што ми е потребно да сум среќен. Ја почитувам желбата на навивачите, на фудбалерите и можам да бидам дел од тој сон, но јас не сум тој што е важен, туку луѓето. Не ми е грижа кој ме суди. Господ ќе ме суди еден ден. Тоа што другите го зборуваат, воопшто не е важно, вели Клоп.