Малолетна тинејџерка од Грција била силувана од двајца странци на грчкиот остров Лефкада, соопшти полицијата.
Како што пренесе српски Телеграф, тие ја намамиле на плажа, а потоа со физичко насилство ја принудиле на секс. Девојчето било прегледано од лекар кој потврдил дека се работи за силување.
За случајот бил информиран и Државниот обвинител. Двете млади момчиња на возраст од 18 и 21 година се уапсени.