Во ракометната Лига на шампиони се случи најголемата сензација досега. Селото со точно 907 жители ќе има претставник во четвртфиналето од најелитнотот ракометно натпреварување. Местото се вика Гудме, а клубот е ГОГ.

Откако претходно Висла Плок преку ант обезбеди место меѓу осуммте најдобри во Лигата на шампионите, потоа голема, но безначајна победа забележа Динамо Букурешт над Кил (затоа што не се пласираше во четвртфиналето), ГОГ успеа да го надолполни минусот од првиот натпревар и на свој терен да обезбеди пласман во четвртфиналето!

Во данското дерби Алборг успеа да победи со 30:28 во првиот меч благодарение на одличната игра на Мунк, Бартод и Бјорнсен, но на реваншот одигран во полната Феникс Таг Арена во Гудме беше 32:24 и тоа е како клубот со името Гуџерг Оре Гудме помина во четвртфиналето каде ќе се сретне со големата Барселона, актуелниот шампион на Европа.

ГОГ беше многу подобар ривал во текот на целиот натпревар, поведоа со 5:1 на стартот и таа предност ја одржаа речиси до крајот на натпреварот. Алборг се обиде да ја надополни негативата со напад седум на шест играјќи без голман, но многу бавно се трансформираше во одбрана и тоа резултираше со тимот на ГОГ во транзиција да даде огромен број голови на празен гол. Тие го освоија овој најважен триумф и испишаа историја во преполна сала со 2.500 седишта – што е три пати повеќе од населението на Гудме.

Гудме стана најмалото место со тим во четвртфиналето во Лигата на шампиони! Пред овој мал град, шест града со помалку од 50.000 жители се најдоа меѓу осумте најдобри во Европа – Лемго (41.000), Целје (38.000), Копер (25.000), Метковиќ (17.000), Цетиње (14.000) и Скјерн (8.000). До оваа сензација тимот го предводеше левиот бек Симон Питлик со осум гола, додека еден помалку имаше кружниот напаѓач Лукас Јоргенсен!

Во последниот натпревар од осминафиналето во унгарското дерби, Веспрем го победи Пик Сегед со 38:33. Во веројатно најинтересната двојка во четвртфиналето на Лигата на шампионите ќе се сретнат Киелце и Веспрем, Магденбург и Висла, Барселона и ГОГ, како и ПСЖ и Кил. Сите овие екипи ќе бркаат место на Фајнл-фор турнирот, кој и оваа година ќе се одржи во Келн, на 17 и 18 јуни 2023 година.

Секако, веројатно сите неутрални љубители на ракометот се надеваат дека ГОГ може да го продолжи својот марш и да оди до крај! Клубот, основан во 1973 година со спој на три помали клубови, во историјата има осум титули дански шампионати, 11 дански купови, како и финалето на Купот на ЕХФ во 1995 година.