Францускиот амбасадор во земјава Кристијан Тимоние вчера не даде јасен одговор дали смета дека на Македонија и се потребни предвремени избори сега, заедно со претседателските.
Но, сепак тој напомена дека најважно за земјава во моментов е успешно да ги спроведе претседателските избори, оти според начинот на кој тоа ќе го стори ќе се цени и нејзиното натамошно интегрирање во ЕУ.
– предвремените избори не придонесуваат и немаат улога во развојот на цивилната заштита. Јас сметам дека работите треба да се остават да се одвиваат според својот тек. Но најважно во моментот е успешно да се спроведат претседателските избори, а начинот на кој ќе се спроведат ќе биде еден чекор поблиску до вашето приклучување во ЕУ, истакна Тимоние.