Пред неколку дена Манчестер Сити ја одбрани титулата во англиската Премиер лига. Избраниците на Пеп Гвардиола во последното коло од Премиер лигата влегоа со два бода предност пред Арсенал и со победата над гостинот од Лондон, тимот на Вест Хем, потврдија дека се најдобри во Англија. За менаџерот Пеп Гвардиола тоа беше шеста шампионска титула на клупата на популарните „граѓани“ кои на крајот има два бода повеќе од од второпласираниот Арсенал.
Шпанецот Родри беше еден од клучните играчи во тимот на Пеп, а по освоената титула ја објасни разликата помеѓу Сити и Арсенал. Тој смета дека разликата е во менталитетот: „
„Кога Арсенал дојде на „Итихад“, почувствував дека овие момци не сакаат да победуваат. Тие само сакаат да ремизираат, ние го немаме тој менталитет“, изјави искусниот играч за врска.
Сити доминантно го стартуваше дуелот со Вест Хем на домашен терен во последното коло од Премиер лигата. Веќе во 18. минута беше 2:0. Фил Фоден, кој неодамна беше прогласен за најдобар играч на Премиер лигата, постигна прекрасен гол во 2. минута, а потоа во 18. Вест Хем кон крајот на првото полувреме со прекрасните ножички на Кудус, но Родри погоди за 3 :1 и стави крај на сите дилеми кога е во прашање шампионскиот трофеј.