Најпопуларната љубовна двојка на планетава, Тејлор Свифт и Тревис Келче, ужива на егзотичните Бахами, во вилата „Росалита хаус“, каде што една ноќ чини „солени“ 15 илјади долари. Прекуден не им пречат ниту папараците, кои постојано, кришум, ги снимаат додека пливаат, се сончаат, се држат за раце, пешачат или се бакнуваат, секако, само во костими за капење. Нивната љубовна приказна стана јавно позната во ноември минатата година. Во пресрет на Суперболот се шпекулираше, па дури и се обложуваше, дека Тревис, згодниот играч на „Канзас Сити чифс”, токму тогаш ќе ја побара за жена најмоќната поп-ѕвезда. Не се случи тоа. Но, љубовта им е сè посилна и поинтригантна. Очигледно дека никогаш не им е здодевно. Д.М.