Тешко оди закрепнувањето на германската економија

496

Германската економија тешко закрепнува од кризите во изминатите три години, предупреди германската централна банка Бундесбанк, прогнозирајќи благ пад на активностите годинава и намалувајќи ја процената за раст во следната 2024 година поради повисоките каматни стапки и послабата конкурентност.

– Германското стопанство тешко ќе закрепне од кризата од претходните три години. Сè уште ги чувствува последиците од високата инфлација, иако барем тој притисок слабее – објави централната банка во соопштението од четвртокот.

Во банката не очекуваат дека економските активности во годинава незначително ќе се намали, и тоа за 0,3 отсто, поблаго отколку што проценија во декември благодарејќи на пониските цени на енергијата. Во 2024, економијата би требало да порасне за 1,2 отсто и за 1,3 отсто во 2025 година. Во извештајот се вели дека растот во 2024-та и во 2025-та ќе биде послаб отколку што се очекуваше пред половина година поради повисоките каматни стапки и намалената конкурентност.

Инфлацијата мерена со хармонизираниот индекс би требало оваа година да изнесува 6,0 отсто и ќе биде значително пониска отколку што во централната банка на Германија прогнозираа во декември. Чувствително е намалена и процената за 2024-та, на 3,1 отсто.

Челниците на Бундесбанк заговараат строга монетарна политика, и покрај длабоката криза во германската индустрија. Според нив цените на енергијата во меѓувремето паднаа, базичната инфлација и натаму е висока, истакнува германскиот гувернер, алудирајќи на стапката на инфлација којашто не ги вклучува цените на храната и на енергијата. – Високата инфлација би можела да биде вкоренета, доколку платите и профитите растат уште посилно – предупредува Нагел.