Осум луѓе се повредени, од кои еден е потешко во сообраќајна несреќа која вчера вечер се случила на патот Охрид – Свети Наум.
Како што соопшти МВР, несреќата се случила околу 18:30, а во неа учествувале три возила со кои управувале охриѓанец, Србин и Црногорец.
-Вчера во 18.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Свети Наум се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „голф“ со црногорски регистарски ознаки, управувано од В.И.(77) од Р.Црна Гора, патничко моторно возило „мерцедес“ со српски национални ознаки, управувано од С.М.(27) од Р.Србија и патничко моторно возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(61) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „голф“ О.И.(70) од Р.Црна Гора, а со телесни повреди се здобиле тројцата возачи, двајца сопатници од возило „голф“ и уште двајца сопатници од возилото „мерцедес“, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, велат од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.