Тешка сообраќајка кај Центар Жупа: Почина возач откако излетал со возило на локален пат

65
SONY DSC

Возач починал откако вчера во 13:55 часот со возило излетал од коловозот на локалниот пат меѓу селата Елевци и Евла во Центар Жупа.

Во несреќата, како што информира МВР, загинал М.М.(31) од струшкото село Враништа, кој управувал патничко возило „фолксваген широко“ со струшки регистарски ознаки.

-Возилото излетало надвор од коловозот, а возачот починал на местото на несреќата. Смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош, соопшти МВР.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Дебар.