Тетовец ја уценувал својата малолетна девојка дека ќе објави нејзини фотографии со недолична содржина

199

ВР Тетово поднесе кривична пријава за Ш.С.(18) од с.Ларце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“.

На 17.09.2022 било пријавено дека тој испраќал СМС пораки на малолетничка од тетовско, со која бил во љубовна врска, уценувајќи ја дека ќе објави нејзини фотографии со недолична содржина.