Тетовец на Фејсбук се подбивал со поранешната амбасадорка на САД, ОЈО Тетово предложи казнен налог

171

– Со коментар со вулгарна и навредувачка содржина на социјалната мрежа Фејсбук, на 12.04.2022 година, обвинетиот ја изложил на подбив тогашната амбасадорка на САД во земјава и на тој начин го сторил кривичното дело, соопштија од Службата за односи со јавноста на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Надлежниот јавен обвинител му предложил на Основниот суд во Тетово да му изрече на обвинетиот парична казна од 100 дневни глоби.​