Тетовецот Златко Јовановски силно го осветли Париз, Градот на Светлината – Македонско, а светско!

34

Париз, главниот град на Франција, но и центар на модните случувања, светски го нагости познатиот македонски моден дизајнер (од малото гратче Тетово), Златко Јовановски, попознат како Џеј Зи Џеј.                                                                       На Балканот, Златко е познат по својата модна работа со пејачките ѕвезди Јелена Карлеуша и Цеца Ражнатовиќ. Модните вкусови во Париз беа вперени кон неговите модни фустани и кон модните парчиња, кои предизвикаа вистински восхит.

Со тоа, Градот на Светлината уште повеќе блесна, па македонскиот гламур од Тетово се пресели на брегот од реката Сена, која поминува низ Париз. Но, и покрај Ајфеловата кула, на Шанзилизе, на Монмартр, покрај концертната сала „Олимпија“, насекаде каде што имаше интерес за нашиот златен Златко. А, имаше во изобилство.

Тој дури даде и интервју за модната ТВ-куќа „Fashion TV“. Беше карактеристично облечен, и во слободното време (во костум како на леопард), но и официјално – со својата препознатлива црвена наметка, дополнета со две круни на рамената, со мали тркалезни огледалца и со златен вез.    Д.М.