Популарната Тереза Кесовија која денеска нa 3.10. наполни 86 години, сепак роденденот за жал, го “прослави” во болница. Пејачката со уморен глас едвај успеа да каже неколку зборови: „Во болница сум, пријатели мои. Извинете, не можам да ви објаснувам. Знам дека паднав, силно се удрив, се скршив, се ме боли и сега лежам, лекарите се околу мене, рекла тажно таа. Тереза објасни дека не е важно каде е во моментов, само сака што побргу овој ужас да заврши.
– Денес сум тука, утре не сум. Не ја ни запознав мајка ми, таа ме роди и брзо потоа умре, па ако ми е и мене така судено…. разјасни дивата Тереза.
Славната пејачка на голем број хитови и сопственичка на златни плочи и преполни концерти (многумина ги имаше и во Скопје во “Универзална“) и минатата година не се чувствуваше добро. Поради последици од срцев удар беше префрлена во болница. Нејзината здравствена состојба ја загрижи нејзината бројна публика од Вардар до Триглав, но Тереза е секогаш со позитивни мисли…..