Синоќа на улицата „Туристичка“ во Охрид се случи тепачка при што едно лице е приведено.
На 26.02.2023 година во 01.45 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е А.Д.(31) од Охрид. Тој, претходно на булеварот „Туристичка“ во Охрид, физички го нападнал Е.М.(20) од Охрид и со остар предмет, кој е пронајден и одземен, му упатил закани а потоа му одзел пари. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.