Поранешниот женски светски тениски рекет број еден Романката Симона Халеп, доби специјална покана за учество во квалификациите на првиот грен-слем турнир сезонава – Австралија Опен, соопштија организаторите.

Во 2018 година Халеп играше финалето на грен-слем турнирот во Мелбурн, а во меѓувреме падна на 877. место на ВТА листата, откако во 2022 година беше суспендирана поради допинг.

Таа беше суспендирана на четири години поради допинг и промени во биолошкиот пасош, но казната ѝ беше намалена во март оваа година, што ѝ овозможи да се врати на тенисот на Мастерсот во Мајами истиот месец.

„Едвај чекам да се вратам во Австралија по три години поминати“, рече 33-годишната романска тенисерка, која ја оспорува намерната употреба на допинг.
Круз Хјуит, син на Лејтон Хјуит, последниот австралиски грен-слем шампион (Вимблдон, 2002 година), исто така доби специјална покана да игра на главниот турнир на Австралија Опен во машка конкуренција.

Квалификациите за Австралија опен се играат од 6 до 9 јануари, додека мечевите за главната рунда почнуваат на 12 јануари.

Симона Халеп меѓу фановите е позната и по тоа што е првата тенисерка која се подложи на операција за намалување на градите. Оваа операција беше направена во 2009 година, бидејќи градите ѝ беа преголеми за нејзината тежина и висина, што ѝ создаваше товар додека се натпреваруваше со противничките на тениските терени.