Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен претпладне долж Повардарието.
Минималната температура ќе биде во интервал од минус шест до четири степени, а максималната од еден до 9 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе биде минус два, а максималната седум степени. Како што соопшти УХМР, в сабота ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб променлив ветер.
Минимална температура ќе биде во интервал од минус шесто до минус еден, а максималната температура од четири до 10 степени.
В недела во попладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Потоа следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури.
Европа е под влијание на Џеновскиот циклон
Сибирскиот антициклон со притисок на земјата околу 1054 hPa и температури на воздухот на висина од два метри над земјата од -30 до -52C се протега од Источна Европа до Камчатка. Над нашиот регион е гребенот на висок притисок на сибирскиот антициклон кој поддржува стабилно студено време.
Голем циклонски вител на влажен нестабилен воздух се задржува над Атлантикот. Центарот на циклонот е западно од Велика Британија и Ирска, а полека се движи кон североисток над Скандинавија. Мала количина на нестабилен океански воздух продира над европското копно, ги опкружува Алпите од запад, а над Средоземното Море се формира Џеновскиот циклон. Развојот на синоптичката ситуација укажува на брз и интензивен развој на циклонот над Џеновскиот залив и неговото спуштање по западниот брег на Апенинскиот полуостров кон брегот на Африка.
Џеновскиот циклон ќе дејствува на времето во нашиот регион во првата половина на следната недела. Движењето на циклонот ќе биде придружено со пораст на температурата на воздухот и обилни врнежи.
Натпросечно топло време околу 15 декември?
Според метеоролозите од средината околу 15 декември се очекува натпросечно топло време со температура до 15°С.