Телевизиската ѕвезда призна дека ја научила лекцијата:Време е да се стави крај на сето тоа, повеќе нема одење „под нож“

230

Шерон Озборн, познатата водителка, музички менаџер и сопруга на Ози Озборн, фронтменот на Блек Сабат, толку се исплашила за своето здравје откако во 2021 година и го „стегнале лицето“ што решила дека повеќе не сака да оди под нож.

Шерон има 70 години, а во новото интервју изјавила дека личи на Киклоп и дека добро ја научила лекцијата.

„Тоа ме исплаши. Навистина претерав. Времето е против мене, не можам да направам уште едно лифтинг на лицето“, изјави таа за Сан.

 

Споменатата интервенција траеше пет часа и беше последната капка.

„Нема многу работи што не сум ги дотерувала, излупила, ласерирала, подобрила или целосно сум ги отстранила“, напиша таа во својата автобиографија од 2013 година.