Тедрос ги повика богатите земји да не нудат трета доза од вакцината

443
Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејеус, ги повика богатите земји со големи залихи на вакцини против коронавирусот денеска да се воздржат од понуда на третата доза вакцина до крајот на годината.
Тедрос рече дека е шокиран од коментарите на фармацевтските компании, кои велат дека залихите на вакцини се доволно големи за да овозможат давање трета доза и вакцинација во земјите на кои итно им требаат вакцини, но се соочуваат со недостаток, објави АП.
Генералниот директор на СЗО рече дека нема да молчи кога компаниите и земјите што ја контролираат глобалната понуда на вакцини мислат дека сиромашните во светот треба да бидат задоволни со остатоците.
Тедрос претходно повика на мораториум за давање трета доза до крајот на септември, но САД и другите земји започнаа или размислуваат да ги понудат на своите граѓани кои припаѓаат на ранливите групи, додава АП.