Бугарската боксерка Јоана Нвамеру е една од оние што уште еднаш фрлија сенка на триумфот на Алжирката Иман Калиф на Олимписките игри во Париз, тврдејќи дека таа дефинитивно е маж.
Во поткаст, Џоана призна дека се запознала со Иман во Бугарија, а членовите на алжирската репрезентација ѝ рекле дека Келиф е жена што едноставно била биолошки изменета од живеењето во планините.
Нвамеру, која досега е непоразена во својата боксерска кариера, смета дека е важно да се проговори за поддршката на жените во нејзината татковина, Бугарија.
– Калиф има некакви проблеми. Но, таа е машко. Ќе стојам на моите зборови додека тој/таа не направи тест за да му докаже на светот дека е жена. Сите знаеме дека нема да се случи тоа. Мислам дека имавме 3-4 спаринг-сесии. Имам евиденција за сè. Можам да потврдам дека таа е маж, за мене. Машка сила, машки техники, сè – кажа Бугарката.
Прашањето за полот на Иман Калиф се појави на тренингот во Софија, а алжирските репрезентативци, очигледно, имаа одбрана и инсистираа на тоа дека е жена, која е некако биолошки изменета од животот во планините.
– Дојдоа нејзините соиграчи и ми рекоа: „Иман не е маж, таа е жена и живее високо на планина, со роднините и со родителите, па може да дојде до промена на тестостеронот или на хромозомите и слично“. Така, јас и мојот тренер ја погледнавме и рековме дека не е можно тоа. Секаде има луѓе што живеат на планина. Тоа е апсурдно – заврши Бугарката.