Еврокомесарот за дигитална политика Тиери Бретон го предупреди сопственикот на Твитер, Илон Маск, дека американската социјална мрежа мора да ги зајакне контролите за да ги заштити корисниците од говор на омраза, дезинформации и штетна содржина.

Брентон му пренел на Маск   дека Твитер ќе мора значително да ги зголеми напорите за усогласување со правилата и дека во спротивно технолошкиот гигант може да се соочи со сериозни финансиски казни или дури и забрана на територијата на 27-те земји од европскиот блок. Маск и Брентон одржаа видео повик за подготвеноста на Твитер да ги следи правилата.

Брентон додаде дека Маск му рекол дека новите правила на ЕУ се „разумен пристап што може да се спроведе на глобално ниво“.