Твитер за „Северна Македонија“: Зборовите од песната “Едно име имаме“, ќе се заменеле со “Друго име имаме“

137

Лавина од реакции на социјалните мрежи за финалето од процесот на уставни измени, со кои Македонија ќе добие ново име – Северна Македонија, откако Договорот од Преспа ќе биде ратификуван и во грчкиот Парламент.

Коментарите се различни, а Ви пренесуваме дел од нив на Твитер:

Ајдееее!!!!!
Зборовите од песната “Едно име имаме….”, ќе се заменеле со “Друго име имаме….”

— Emilijano (@EmilijanoJ) January 12, 2019

Сега комотно сите можеме да побараме азил за било каде, нели?
Пошо во документи ни пишува Република Македонија а таква не постои!
Никаде не припаѓаме па можеме да бираме.
Иста болка чувствувам ко дента кога почина татко ми, верувајте ми 🙁

— Василица Прекрасна (@Vasic32426226) January 12, 2019

Како што државата никогаш не била израз на идентитет, туку на гол интерес, така и падавичарењето на овие што глумат загриженост од промената на името, нема подлабока побуда од удобствата на нивниот газ.

— Ајс (@borisofskopje) January 12, 2019

Меѓународно и внатрешно- Во Северна Македонија живеат Македонци и зборуваат македонски и се признаени од сите ..па дури и од Грција

— Dame Chkatroski (@DameChkatroski) January 12, 2019

Се родив во СФРЈ, пораснав во БЈРМ, а ќе остарам во Германија.

— Аурора Бореалис (@ElenaTviteralis) January 12, 2019

Сега уште колку да чекаме да почните со контрола на локалните шерифчиња, кои мислат дека светот почнал од нив? И директорчињата по фирмите? Инаку џабе Северна, ако нив не ги решите. Народот врие.

— Алиша Кис од Битола (@aliciakeysfromb) January 12, 2019

Што губиме со Северна?
Апсолутно ништо. Не сме помалку луѓе, ниту помалку Македонци. Дури и повеќе сме! За прв пат во очи ја гледаме историјата. Националноста на Македонците е една комплексна приказна, чии митови и легенди треба да се растоварат за подобра иднина.

— Чорбаџи Ја (@CorbadziJa) January 12, 2019

Амнестијата ти важи и во Република Северна Македонија, немај гајле.
Мочко pic.twitter.com/kZns4V80Iq

— Татјана (@tactralala) January 12, 2019

Северна, северна ама стопли надвор времево.. -7 беше, сега -4.#ДоброУтро 😁

— МилаШила (@MilaShila9) January 12, 2019

Tolku dolgo mi beše dežurstvoto šo koga izlegov od doma bevme fyrom, a se vrativ vo severna makedonija

— Венцо Утовар – Истовар (@kamijon007) January 12, 2019

А дали Груевски е веќе слободен граѓанин и може да се врати, пошто државата која го гонеше веќе не постои?

— Bratot (@bratot1) January 12, 2019

Стварно многу поголем проблем ми е дека не’ пљачкаат 30г. и никој не цима, од промена на името. Видете какви ни се болници, школи и градови јебало вас име? Свесен ли си дека почитичар у 4г. трупа ќеш кој ти чесно нема да го направиш цел живот? Глуп си, али хеј, теши се, сите сме.

— Ivan Iliev (@baaaaaanoo) January 12, 2019

Нека национализмот и поривот војно профитерство останат таму каде што ќе остане и ФИРОМ. Во минатото. За декада од сега да збориме за наука и технологија ослободени од политиканство и ситни интереси. Се откачи сидро што влече надолу и тоа го осетија сите дури и тие што беа против

— Жaне oд кaдрoвo (@cccruella) January 12, 2019

Извор: еМагазин