Тајфунот Доксури беснее во Кина: Човек едвај издржа на кровот на автомобил додека незадржлива буица го носи/ВИДЕО

156
Youtube printscreen

Еден човек е спасен денеска од својот автомобил за време на поплавите што ја погодија северна Кина откако тајфунот Доксури татнеше низ овој дел од земјата.

На видеото од спасувачката акција се гледа дека силната поплава го превртела автомобилот во кој се наоѓал несреќникот, кој некако успеал да „исплива“ од своето возило во моментот кога автомобилот се зафатил на нешто под вода.

Мажот извесно време седел на покривот од автомобилот и чекал да дојдат спасувачите и да го донесат, по што бил спасен со помош на кран и појас за спасување.

Ова е една од многуте спасувачки операции што се случија за време на тајфунот Доксури.

На лице место му била укажана прва помош.