Џејк Пол го доби бокс-спектаклот во Тексас, откако доминантно го победи поранешниот светски шампион во бокс, во тешка категорија Амероканецот Мајк Тајсон, кој направи кам-бек во рингот. Младиот јутјубер, кој се бори за високи награди во боксот, славеше на мечот со легендата по едногласна одлука на судиите.
Поранешниот апсолутен шампион не можеше да му парира на противникот. Тајсон едвај „фаќаше“ по некој удар против 31 година помладиот противник. Пол го искористи тоа, чесно го изудира екс-првакот, иако не успеа да ја исполни најавената победа со нокаут. По рунди тој го доби мечот со 80-72, 79-73 и 79-73.
Jake Paul bows to Mike Tyson at the end of the match. #PaulTyson pic.twitter.com/FUQGZVyADQ
— Netflix (@netflix) November 16, 2024
Круцијална беше поголемата брзина на Џејк Пол, кој диктираше темпо, боксуваше сигурно и релативно лесно ги одбегнуваше ударите на ривалот. На крајот статистиката вели дека Тајсон успеа да погоди 18 од 97 удари, додека Пол „фрли“ 278, а погоди 78 од нив.
Тајсон (57) својата последна професионална борба ја имаше пред деветнаесет години против Кевин Мекбирд. Од повлекувањето во пензија беше дел од неколку егзибициски мечеви, а последниот против Рој Џоунс Џуниор во 2020 година. Сепак, ниту еден пораз не го наплатил како последниот.
Тајсон, иако загуби и делумно беше понижен од јутјуберот кој се бори на вакви мечеви, сериозно ја наполни својата банкарска сметка со 20 милиони долари иако загуби во мечот. Наспроти него, Џејк Пол како победник доби двојно повеќе (40 милиони долари).
A ringside look at #PaulTyson pic.twitter.com/WZlzvJ7gKX
— Netflix (@netflix) November 16, 2024