Актуелниот и поранешен светски шампион во бокс во супертешка категорија Американецот Дионтеј Вајлдер и Британецот Тајсон Фјури немаат мир пред големата пресметка на 22 февруари во Лас Вегас. Двајцата восвој стил ја најавуваат борбата за шампионската титула, и токму затоа во последно време се многу застапаени во медиумите.
Тоа ќе биде нивни втор меѓусебен двобој, повторно за шампионскиот појас во супертешка категорија, во верзијата ВБЦ. Сите се подготвени за тој спектакл, а „бронзениот бомбардер“, како што го викаат Вајлдер, со нетрпение ја чека новата пресметка.
-Можам да кажам дека сум добро подготвен. Никогаш не сум бил среќен во животот како што сум сага. Кога ќе ме видите во кампот колку сум полн со самодоверба и колку напорно работам, тогаш од мене може да очекувате голема работа. Што се однесува до мојот противник, гледам дека ја споменува својата силата, која се уште не сум ја видел. Во нашта претходба пресметка видов сало наместо мускули. Тоа јас го почувствував. Гледам споменува некаква стратегија како ќе ме победи, односно ќе ме нокаутира, баш ме интересира како ќе го направи тоа. Му се радувам на 22. февруари – порача Вајлдер.
Од другата страна Тајсон Фјури е убеден во совјот триумф и се смета себеси за фаворит во борбата.
-Роден сум како победник, така и се чувствувам. Одлично тренирам и подготвен сум за мојот противник. Јас сум „Крал на Циганите“ и сигурен сум во својата победа. Го ценам Вајлдер, тој е фантастичен боксер, но знам како ќе му се спротиставам и ќе му докажам дека сум најдобар во светот, изјави „Кралот на Циганите.“