epa11351892 Tyson Fury of Britain (R) in action during his title bout for Undisputed Heavyweight Champion against Oleksandr Usyk of Ukraine, in Riyadh, Saudi Arabia, 18 May 2024. EPA-EFE/ALI HAIDER

Украинскиот боксер Александр Усик ја одбрани светската титула во тешка категорија.
Усик го победи Британецот Тајсон Фјури во Ријад и со тоа го задржа појасот во три различни категории (ВБА, ВБЦ и ВБО).

Ова беше реприза на дуелот во кој Усик го симна од тронот Тајсон Фјури по 12 рунди со судиската одлука. Одлуката повторно беше донесена на тој начин, а судиската тројка гласаа идентично – 116:112 во корист на Украинецот.

И покрај можеби нереалните очекувања, гледавме многу помалку интересна борба од првата во 2024 година меѓу овие двајца борци.

Како што одминуваше борбата, Усик беше се подобар и полека кон крајот стана јасно дека доколку има судиска одлука, таа ќе биде едногласна. Усик не успеа да го нокаутира „Кралот на циганите“, но ниту Британецот, иако тоа сигурно му требаше повеќе.
Ова се 23 победи од 23 натпревари за украинскиот борец. Од тој број 14 постигна со нокаут.

По мечот Даниел Дубоа влезе во рингот и побара реванш против Усик. Да потсетиме, Усик по првата победа над Фјури обедини четири појаси (ВБА, ВБЦ, ИБФ и ВБО), но титулата на ИБФ му беше одземена, бидејќи ја одби борбата против предизвикувачот, која беше задолжителна.

Појасот тогаш отиде кај Дубоа, кој сега бара борба со Укринецот за преостанатите шампионски појаси.

Наградниот фонд на борбата изнесуваше 191.000.000 долари, од кои најголемиот дел заминаа сметката на Усик.

ИЗДВОЕНИ