„Тајмс“: Џереми Корбин ќе поддржи нов референдум за Брегзит

225

Британскиот опозициски лидер Џереми Корбин ќе изврши денеска измена во политиката на својата Лабуристичка партија за Брегзит и ќе поддржи организирање на нов референдум за членство на земјата во ЕУ при секакви околности, пишува весникот „Тајмс“.

Лабуристичката партија, која на европските избори слично како и конзервативците доживеа намалување на поддршката од граѓаните поради незадоволството од безизлезноста околу Брегзит, е поларизирана по прашањето дали да поддржи организирање на нов референдум.

Корбин засега изјавил единствено дека можноста за нов референдум за Брегзит треба да биде ставена на маса заедно со таа за нови парламентарни избори.