Тајландските лекари воочиле дека тешките случаеви со коронавирусот можат да ги лечат со комбинација на лекови за грип и ХИВ, јави Ројтерс.
Почетните резултати покажуваат напредок по 48 часа од примена на терапијата.
Двајца лекари од болницата „Рајавити“ во Бангкок, рекле дека новиот пристап им помага на тешките случаи, а меѓу нив е и една жена на 70 години, кај која пред 10 дена бил дијагностициран вирусот.
Се работи за комбинација на лекот за грип „оселтамивир“, кој се користел и за лекување на блискоисточниот респираторен синдром MERS, како и препаратите против ХИВ, „лопинавир“ и „ритонавир”.
„Ова не е лек, но здравјето на заразените значително се поправило. Промените се јасни веќе по 48 часа“, истакнал пулмолог од болницата во Бангкок.