Тајани: Македонија е пријател на Италија, се вложуваме да го поддржиме нејзиниот пристап

25
Фото: П.Стојановски

Министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Италијанската Република, Антонио Тајани рече дека денеска имал позитивна средба со министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.

Додаде дека имаат конкретни задачи за економската политика, ќе има бизнис форум со италијанските претприемачи и оваа земја како што рече, да биде важна за стабилноста и дијалогот во цела област.

„Ние секако се вложуваме да го поддржиме пристапот на оваа земја, тaа е земја пријател на Италија“, вели Тајани.

Кажа дека зборувале за состојбата во Украина, за миграцијата и други теми. Taјани рече дека не треба да исчезне сонот на илјадници млади од Балканот кои сакаат да бидат дел од ЕУ. Кажа дека сакаат да го забрзаат темпото за пристапување во ЕУ. Се надева дека нивниот глас е авторитетен.

„Треба секако да се подаде рака кон оние народи кои сакаат да бидат со нас Европејците, тоа се народите од Балканот“, додава Тајани.

Вели дека во политиката не треба ништо да се остави недовршено.

Муцунски рече дека ќе бидат афирмативни, ќе работат на реформите. Според него, ако постои добра волја, нема предизвик на којшто не може да се најде решение.