Драган Кобиљски, таткото на Ема, која беше убиена на 3 мај минатата година во училиштето „Владислав Рибникар“, на својот Фејсбук профил се огласи за наводите дека семејството Кецмановиќ сака да даде донација за Меморијалниот центар што се планира да да биде изграден, во знак на сеќавање на убиените деца и чуварот.
Револтиран од нивната понуда Кобиљски им порача дека без нив, не би имало воопшто потреба да се гради Меморијален центар.
“Вие сте целосно одговорни за масакрот” порача Кобиљски.
„Се уште не можам да го разберам обидот за релативизирање на грозоморното злосторство на Кецмановиќ и ниту желбата на Милјана и Владимир Кецмановиќ да донираат за меморијалниот центар на застреланите деца. Ова преку адвокатите ни го кажуваат луѓе кои не се ни појавиле да ги споделат нашите најдлабоки страдања, што уште еднаш го потврдува целосното отсуство на сочувство и општествена одговорност. Ми преостанува само да ги смирам и да им порачам: Кога станува збор за меморијалниот центар, направивте повеќе од доволно, бидејќи без вас меморијалниот центар не би постоел. Вие сте целосно одговорни за него“ напиша Кобиљски.