Таткото на Боки 13 призна дека го нападнал свештеникот

148

Таткото на Боки 13, Миле Јовановски денеска во Кривичниот суд одговара за нападот врз свештеникот Виктор Стојчев. Јовановски пред судот призна дека е виновен.

„Има многу големо сомневања кај мене дали сум виновен или не, но сепак го признавам делото“ – рече Јовановски.

Свештеникот Стојчев, пак, соопшти дека има оштетно побарување.бвинителката во завршните зборови побара Јовановски да биде казнет според законот.

Адвокатката на обвинетиот Јовановски рече на рочиштето дека Стојчев имал допринос кон инцидентот оти претходно го навредил синот на Јовановски. Таа истакна дека Јовановски е невработен, во лоша здравствена состојба, а првпат е во судир со законот.

Пресудата е на 18 ноември 2019 година.