Таткото веќе не е селектор и репрезентативецот веднаш ја откачи Сира

296

Уште едно раскинување во фудбалскиот свет. Шпанските медиуми информираат дека крај на љубовната врска ставил познатиот пар од таа земја. Пред неколку недели двајцата беа фотографирани како уживаат во заедничкиот одмор, но од пред неколку дена веќе не се заедно.

Крилниот напаѓач на Барселона, Феран Торес и ќерката на поранешниот селектор на Шпанија, Луис Енрике, Сира Мартинез, веќе не се пар. Се уште не е позната причината за раскинувањето, но ваквата информација се доживува како гром од ведро небо поарди фактот дека имаа поприлично идеална врска.

Интересно е што Торес ја остави Сира само неколку месеци подоцна откако Енрике потврди дека ја напушта селекторската функција. Додека беше предводник на „црвената фурија“, фудбалерот на Барса имаше статус на стандарден првотимец.

Откако си замина Енрике, крилниот напаѓач не доби покана за настап во националниот тим и не беше дел од квалификациските натпревари во март.

За време на Мундијалот во Катар, Енрике му испрати јасна порака на Феран дека неговата 22-годишна ќерка не смее да остане бремена.

  • Ако постигне гол и ако го стави прстот во устата за време на прославата јас веднаш ќе го заменам и ќе го испратам на трибина. Никогаш повеќе нема да зачекори на зелениот терен, изјави Енрике.

Фудбалерот на Барса зад себе има скромна сезона. Иако беше купен од Манчестер Сити за 55 мил. евра, крилниот напаѓач не се наметна во шампионската сезона на Барселона и постигна само четири погодоци.

Од друга страна, Сира сега може да се посвети на својата прва љубов – коњичкиот спорт. Ќерката на Енрике има нормален живот и не е голем фан на гламурот и луксузот.

  • Јас поинаку го доживувам животот. Точно дека сум чувствителна, но кога морам да бидам силна, силна сум. Тоа што го проживеав со мојата сестра ме натера да го гледам животот на поинаков начин. Уживам во секој момент. Никогаш не знаеш кога ќе дојде крајот, изјави Сира.