Тасевски: Новите засилувања ќе треба добро да ги воиграме

65

Работнички се засили со седум нови фудбалери во зимскиот преоден рок и една од главните задачи на тренерот Жикица Тасевски и стручниот штаб ќе биде да ги вклопат комплетно во тимот што ќе настапува во пролетниот дел од сезоната.

Зимските подготовки влегуваат во втората седмица, а се работи напорно на подобрување на физичките способности, но и на воигрување на тимот, соопштија „романтичарите“.

– Работиме напорно, амбициите на клубот се јасни и се надеваме дека ќе ги исполниме во пролетниот дел од првенството. Се засиливме со неколку нови фудбалери, квалитетот е реално зголемен, но ќе треба добро да се воиграме и да вклопиме една добра целина. Затоа и напорно работиме. Следната фаза од подготовките ќе биде реализирана во турската база Анталија, каде ќе имаме тестови со меѓународни противници, изјави за клупскиот сајт шефот на стручниот штаб, Жикица Тасевски.

Петровиќ е седмото засилување за Работнички во овој преоден рок. Претходно клубот се засили и со бразилскиот интернационалец Асуерио Барбоса де Соуса Јуниор, како и Баже Илијоски, Дејан Блажевски, Николај Дилгеров, Емил Вијачки и Жунињо Кабрал.