Министерот за здравство Арбен Таравари при посетата на Клиниката за онколошки болести кажа дека ќе врши притисок во Влада да се вработи нов кадар на оваа клиника, но и на другите клиники. Најави дека на истата тема ќе разговара и во Министреството за финасии за да се обезбедат потребните средства за новите вработувања. Што се однесува за недостатокот на онколошката терапија за што пациентите  се жалат, новиот диретор на Онкологија д-р Игор Стојковски кажа дека се работи на проблемот и се надева дека набрзо ќе се реши. Новиот директор на Фондот за здравство, Сашо Клековски кои што исто така беше во посета на Онкологија кажа дека со најавениот ребаланс на буџетот ќе се направат услови да се зголеми буџетот на Онкологија, но и на другите клиники каде тоа е потребно.

 

 

Лекари специјалисти од разни области, но најмногу онколози, мединиски сестри, физичари, биолози, патолози  се кадрите што фалат на Клиниката за онколошки болести, но слично е и на другите клиники. Министерот за здравство Арбен Таравари најавува дека токму од овие причини приоритет ќе дадат на новите  вработувања за Онкологија, но нема да ги запостави и останатите е клиники низ државата и сектори во здравството каде што фали кадар. Тој при денешната посета на Онкологија кажа дека ќе врши притисок во Влада овој проблем со вработувањата што поскоро да се реши. Најави дека на истата тема ќе разговара и во Министреството за финасии за да се обезбедат потребните средства за новите вработувања.

-Ќе разговарам и со деканот на Медицински факултет за да во иднина се стави мораториум на одредени специјализации,а да се формираат специјализации за онколози, радиолози, патолози, анестезиолози … Во Македонија има околку 50 онколози што е многу мал број во однос на бројот на пациентите-кажа Таравари и дополни дека ќе побара од Владата што поскоро да се обезбеди кадар за да се активираат онколошките амбуланти во болниците во Тетово, “8 Септември” и Битола.

Таравари кажа дека ќе се направи попис и на опремата.Тој реагираше дека акцелераторот вреден 2 милиони евра во изминативе десет години три пати се пуштал во употреба во Штипската болница, а никогаш не работел. Сега е во фаза на раскодување, неупотреблив. Слично е и со апаратурата во “8 Септември” за која неколку пати се  пуштала во употреба, а апаратите никогаш не профукционирале.

Што се однесува за недостатокот на онколошката терапија за што пациентите  се жалат, новиот диретор на Онкологија д-р Игор Стојковски кажа дека се работи на проблемот и се надева дека набрзо ќе се реши. Ќе се објават потребните јавни огласи за набавка на лекови. Кажа дека стручен колегиум редовно се состанува и ја одобрува потребната терапија за пациентите.

-Секој добива она што му е потребно за неговото лекување, нема отстапки за ниу еден пациент. Ако е потребна биолошка терапија таа му се дава на пациентот- дециден е Стојковски. 

Новиот директор на Фондот за здравство, Сашо Клековски кои што исто така беше во посета на Онкологија со министерот Таравари, кажа дека со најавениот ребаланс на буџетот ќе се направат услови да се зголеми буџетот на Онкологија, но и на другите клиники каде тоа е потребно.

Осигурениците заслужуваат да се лекуваат со лекови од новите генерации. Ќе се набават нови лекови, но и редовно ќе кумуницирам со здруженијата на пациентите за да им се излезе во пресрет-кажа Клековски.   

(В.Ма.)