Таравари: ДУИ имаа притисок од ВМРО-ДПМНЕ за да го спасат Вељаноски

75

Градоначалникот на Гостивар од Алијансата на Албанците, Арбен Таравари во емисијата Отворено на 24Тв рече дека негласањето на Собранието за одземање на пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски наликувало на класичен режиран филм.

-Режиран филм кој секој обичен граѓанин ќе процени дека ДУИ имале притисок од ВМРО-ДПМНЕ за да го спасат Вељаноски. Чесно е премиерот директно и јавно да каже дека е направен политички договор. Очигледно беше дека ДУИ била приморана од ВМРО-ДПМНЕ да не гласаат. “ – изјави Таравари.

Во врска за настаните од 27 април тој потенцираше дека досега ниту еден од тие случувања не е во притвор и се водат само постапки. Се надева дека судските институции да фунциуонираат како што треба и казните да бидат како што предвидува законот и правилата“. – рече Таравари.