Kомплетна забрана за пластични ќеси вчера стапи во сила во Танзанија, со што на прекршителите им се закануваа сериозни парични казни, објави ДПА.
Источноафриканската државна се приклучи кон другите африкански земји како Руанда и Кенија и забрани загадување на животната средина со овој производ.
На производителите на пластични ќеси, им се заканува казна до 400 000 долари или две години затвор. Лицата кои користат пластични ќеси, ќе бидат казнети со околу 13 долари, рече министерот за животна средина, Џеновери Макамба.
Националниот совет за управување со животната средина објави дека биле собрани околу 200 тони пластични ќеси во Дар ес Салам во кампања која траеше околу две недели.
Пластичните производи се најголемиот загадувач на животната средина и тивок убиец од нашата природа. Потребни се 100 години за да се распадне пластична ќеса, рече директорот на локалниот отсек на Светскиот фонд за дива природа.
Во соопштението на сајтот на организацијата се наведува дека Танзанија пристапила кон околу 12 земји од Африка, кои или ги забраниле, или имаат воведено закон за контрола на пластични ќеси со цел конечно да се запре нивната употреба.