Тамара Тодевска се разведува од нејзиниот сопруг

719

Македонската поп пејачка, Тамара Тодевска се разведува од својот сопруг, Александар, пренесува Убавина и здравје.

Според информациите, Тамара и поранешниот кошаркар Александар Димитревски – Мачка одлучиле да се разделат, но да останат во добри и коректни односи, пред сѐ штитејќи го интересот на нивните две деца.

Таа сметала дека е добро децата да одржуваат добра комуникација со својот татко и дека тој е дел од нивните животи.

Да, точно е дека се разделивме, но ќе продолжиме да одржуваме редовна комуникација. Ние имаме две деца, и многу е здраво и нормално децата да можат да растат и да поминуваат време и со својот татко. Ова не е ниту прв, ниту последен ваков случај. За мене, искрено,  многу важни се децата, нивните права и интереси да останат заштитени. Јас ја разбирам работата на медиумите и потребата од ексклузивни информации, но во овие моменти најмногу мислам на нив и сакам да останат настрана од оваа приказна, особено од медиумски преписки и слично. И Хана и Дарен посетуваат училиште, градинка, веќе не се мали, разбираат и одговорноста на мене и Мачка е голема, пред сѐ да ги заштитиме нив, велиТодевска за порталот.