Изборот на песна на Евровизија заврши минатиот викенд, но се уште не стивнуваат реакциите околу исходот на гласањето. Според најновата информација, Тамара и нејзината песна „Горда“ (Proud) со која ја претставуваше државава на изборот за Песна на Евровизија се искачи едно место погоре во финалниот пласман.

Поради грешката во гласовите на белоуското жири, која ЕБУ сега ја исправи, наместо на осмото Тамара сепак го освои седмото место. По исправувањето на оваа грешка, се менува и пласманот според гласовите на жирито, односно Македонија го освои првото место.

Тамара Тодевска се јави на социјалните мрежи и напиша:

„Каква прекрасна вест. ЕБУ само што ни потврди дека поради грешка во Белоруското гласање, нашата земја е всушност прва од жири и седма во финалето на Евровизија. Не можам да ви опишам колку сум среќна! Ве сакам сите! OMG – I just found out that we actually won the jury vote and we were #7 in the finals, not #08. I am beyond happy! Thank you so much“.