Тамара доби донација 10 илјади евра од Бојан Јовановски-Боки 13

220

Јаоооо, Боки си е Боки, дарежлив, но и постојано хуман, ќе кажете сигурно откако ќе ја прочитате информацијата дека Бојан Јовановски, сопственикот на 1ТВ, на нашата евровизиска хероина Тамара Тодевска ќе ѝ подари сума од 10 илјади евра. Потегот на Боки наиде на големо одобрување кај народите во Македонија, но исто така и на голем број негативни коментари и реакции по социјалните мрежи. Еве, некои од нив: – Тој што има, пак да има. Само колку бебиња, дечиња ни умираат чекајќи донации од СМС-пораки. Затоа 1ТВ, ова е расипништво од најдолен вид, зарем е потребно сега тоа, уште повеќе да го делите народот….. Боки многу пати се покажал како хуман, но овој пат ја утнал работата. Зошто пари на Тамара? Има многу деца кои чекаат операција, па таму треба да завршат парите…. Хахахааа па нормално дека ќе ја почести , таа е нивна, донирајте ги парите на болните деца, а не на неа, таа колку пари има лапнато, не сте свесни цццццц……

Како и да е, во дописот кој Боки и 1ТВ го имаат јавно објавено, меѓу другото се вели дека парите на Тамара се донираат веднаш, за историскиот успех кој таа го постигнала на “Евровизија 2019“.

– Искрено посакуваме оваа донација да помогне за почетокот на една голема интернационална кариера на нашата поп-ѕвезда Тамара…..напишал и потпишал Бојан Јовановски, во јавноста попознат како Боки 13-ка.    Д.М.