ТАЛЕНТИРАН БРИТАНЕЦ: Поранешниот “Хари Потер” е непрепознатлив во новиот филм

119

Даниел Редклиф целосно го променил својот изглед за снимањето на новиот филм “Бегство од Преторија”. Овој 29-годишен актер е фотографиран на сцената, а на сетот го глуми Тим Џенкинс, активист кој работи за Африканскиот национален конгрес. Како режисер се потпишува Френсис Анан, а во филмот глумат и Нејтан Пејџ и Марк Леонард Винтер.

Редклиф во моментов игра и во филмот “Miracle Workes”, во кој глуми ангел, кој мора да го убеди Бог да дозволи Земјата да преживее.

Тој ја започнал својата кариера како Хари Потер, улога која го дигнала до ѕвездите.

“Интересно е да се види како се развива оваа франшиза, сигурен сум дека ќе видам некој друг во улога на Хари Потер. Дури и ако одлучат повторно да ги снимаат сите делови од филмот, ќе биде одлично да се седне и да се гледа”, рече актерот во едно од неодамнешните интервјуа.
Даниел Редклиф е еден во многумината актери кои станале познати многу млади и целата негова ситуација тешко му паднала. Во некои моменти било толку тешко, што како што вели самиот, се обидел да го заборави притисокот и тежината на славата со алкохол.

“Најдобар начин да се справите со ваквите ситуации е добро да се напиете. Кога ќе почувствувате дека луѓето ве препознаваат, ве викаат и бараат, едноставно напијте се и заборавете”, изјавил актерот. Тој додал дека тежината на славата често влијае на психата на актерот иако луѓето тоа не го разбираат.

“Секој очекува да бидеш среќен затоа што ги имаш парите и добрата работа и немаш право да си вознемирен. Често мислев дека не сум доволно добар за да бидам познат, бидејќи не се справував добро со сето она што славата ми го донесе”, потенцирал Ретклиф, додавајќи дека често морал да се натера себеси да стане она што мислел дека секој познат актер мора да биде и дека често бил под стрес.