Тага до небо: Погребана Дијана – Мис на Европа

243

Србинката Дијана Милојковиќ, Мис на Европа 2014. година, која починала минатиот понеделник после долга и тешка болест, била погребана на гробиштата во Ќуприја, Србија. Пред семејната куќа на мисицата се собрале роднини и бројни пријатели, а потоа тргнале на гробишта…кон нејзиното вечно почивалиште.

– Ти беше мој постар брат, пријател, потпора, подршка, моја љубов, моја принцеза, моето најубаво девојче, најсакана, моја галеничка, мое се. Моја надеж, сакана ќерка на тато, најубавата на мама. Ова не е крај бидејќи смртта е само животен пат.Твојата душа беше посебна. Те красеше добрина, љубов, внимание и сила. Почивај во мир ангелу мој, со толку многу тажен плачлив глас рекол братот на Дијана над нејзиниот ковчег. Тага е до небото.