Извори од СЈО потврдуваат дека висината на исплаќаните бонуси зависела од обемот и тежината на задачата, како и од тежината на предметот, односно материјалите со кои е во контакт еден обвинител од СЈО.
„Имајќи го предвид профилот на лицата од разговорите и извонредно големата можност да се искомпромитираат и лицата и содржината на разговорите, јасно е дека довербата е основен елемент на прием на вработени, паралелно со формалните услови за соодветното работно место на секој вработен. Начинот на заштита за да не протечат разговорите е уреден со внатрешни акти, а меѓу другото и со договори за доверливост помеѓу СЈО и секој вработен. Секое вработено лице добива паричен износ за почитување и исполнување на тој договор, во зависност од типот на прислушувани разговори со кои има допир”, објаснуваат од СЈО.