Бидејќи се уште постојат причините, а истрагата и натаму трае, СЈО за сите осомничени за случајот ,,Империја” бара да им биде продолжен куќниот притвор.
Станува збор за една од најобемните и најсложени постапки, за што е побарана и меѓународна соработка.
Скопска Апелација на 27 декември, лани ги пушти во куќен притвор сите осомничени за ,,Империја”, освен Сашо Мијалков, за кого одлуката за куќен притвор ја донесе судијката на претходна постапка, Весна Димишкова. Притвор во траење од 30 дена добија Орце Камчев, Цветан Панделески, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска и Тодор Мирчевски. Тие се дел од 12 осомничени во истрагата со кодно име ,,Империја”.
Мирчевски е директор на офшор компанија „Ексико“. Панделески е директор на земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ и сопственик на „Пелистерка“, а Јосифовиќ е соработник на Камчев. Зорица Арсовска е сметководителка во неговите фирми.
СЈО ги осомничи за злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.